Опозицијата бара оставка од Спасовски по кражбата на оружје во Охрид
На кого му требаат толку бомби, рачни гранати, муниција и оружје? Каде ќе биде употребено оружјето кое е украдено од охридската полиција, и за какви се кривични дела?, прашаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако кражбата во полициската станица во Охрид ја нарекоа тежок шамар за МВР, Спасовски и Ковачевски.
Тие побараа одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и побараа оставка веднаш.
„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени криминални структури важеа за недопирливи и над законите, денес институциите постапуваат ефикасно, професинално и неселективно“, реагираат од СДСМ.
Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија неосновано го напаѓа Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски, се додава во реакцијата од Бихаќка.