,,Длабоко огорчени Ве известуваме дека во период од две недели повторно на истото место пред стоковната куќа, утринава во 3.00 часот запалени беа и уништени комплетно преостанатите два пластични контејнери.,, Вака информираа од ЈП Плаваја од Радовиш кои го осудија последното вандалско однесување кон урбаната опрема
Полицијата е известена и ќе бараме енергична акција за да се најде кој е тој или тие пиромани и вандалисти кои нанесуваат ненадоместлива штета на претпријатието и на сите Вас граѓани на нашата општина.