На 6.2.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар на место викано „Миленковица”, атар на село Покрајчево, радовишко, во кој биле опожарени овошен насад и тополи, сопственост на Б.С.(55) од село Покрајчево.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.