Народна Банка на Република Македонија донираше 20 компјутери за ООУ „Кирил и Методиј“ Иловица. А пред неколку денови беа донирани и 2 телевизори за градинката „Среќни насмевки“ од Босилово.
Од Општина Босилово упатија голема благодарност до донаторите и истакнаа дека секоја донација е добредојдена со цел подобрување на условите и можностите за учениците и наставниот кадар како и за подобар развој на децата.