Одбојкарите на Струмица со победа над екипата на Борец од Велес од 3:0 во сетови ја започнаа новата сезона во која ја бранат двојната титула. Денеска се играше второто коло во кое струмичани ги освоија првите бодови имајки во предвид дека во првото беа слободни.
Драматичен натпревар одиграа избраниците на Кире Ричлиев против велешкиот состав кој во Струмица допатува за поволен резултат. Се играше квалитетно со докажување на двете страни бидејки и двата тима имаат високи амбиции ова сезона.
Првиот сет шампионите од лани го добија со 25:23, по што гостите притиснаа. Но составот на Струмица иако ослабнет од минатата сезона не се предадоа. Во драматична завршница го добија и вториот сет со 28:26. Осоколени не дозволија велешани да си заминат со сет и со 25:22 ставија капак на надежите на Борец.