Одбојкарите на Струмица потешко отколку што се очекуваше, славеа победа против новајлијата во прволигашкото одбојкарско друштво во Македонија, екипата на борец од Велес. Во спортската сала Партизан – Струмица со 3:1 во сетови ја забележа втората победа, откако во првото коло поради недоаѓање на гостите од Жеровјане го добија службено тимот на Лирија со 3:0 во сетови
Најинтересен беше првиот сет кој го добија гостите од Велес со 32:30. Струмичани прокоцкаа дури 3 поени, но во продолжение од играта не дозволија изненадување на свој терен . Следните три сета ги добија со 25:14, 25:17 и 25:18 за победа од 3:1 во сетови .