• Mon. Nov 25th, 2024

ОК Струмица Никоб ги почна подготовките за новата сезона

ByВане Трајков

Aug 10, 2022

Македонскиот одбојкарски првак ОК Струмица Никоб ги започна подготовките за новата европска сезона и претстави неколку новитети во пресрет на европското деби и настапот во Лигата на шампионите со холандски Апелдорн.

Во тимот се врати репрезентативецот Стојан Илиев кој е и првото засилување за следната сезона. Веќе утре се приклучува и Александар Злобин кој е единствениот кој од странците останува и оваа сезона, а тимот го напуштија бразилскиот среден блокер и примачот од Тунис.

Покрај Злобин во тимот утре доаѓаат уште двајца негови сонародници, станува збор за Максим Михаилов кој игра на позиција примач и доаѓа од екипата на Будва и Алексеј Лободин кој ке је покрие испразнетата центарска позиција. На позицијата на која со години царува Тиме Ричлиев се добива уште поголема конкуренција со доаѓањето на репрезетативниот распределувач Филип Деспотовски кој на тимот ќе се приклучи во петок.

Како во играчкиот така и стручниот штаб е поискусен и засилен со Атанас Милев, кој ке биде дел од нашиот тим оваа сезона. Официјално представување на комплетниот тим и стручен штаб како и плановите и целите на ОК Струмица Никоб е закажано за крајот на овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *