Синоќа се одржа манифестацијата Избор на спортист на Струмица за 2021 година при што ОК Струмица ги однесе првите награди за најдобра екипа, тренер и спортист. Одбојкарот Владо Милев втора година по ред е прогласен за најдобар спротист Струмица неговиот тренер Кирил Ричлиев за најдобар тренер за минатата година во која заради двојната круна одбојкарите беа прогласени за најдобра екипа за 2021
Во младинска конкуренција младинките на ЖФК Тиверија се прогласени за најдобра екипа додека Александра Терзиски за најдобра тренер што работи со млади категории. Во ова конкуренција за најдобар млад спортист е прогласен Димитар Зетов од КК Струмица
Во индивидуалнито спорт најдобри беа кикбосекрот Деливоски а неговиот ментор Спасов за најдобар тренер. Во индивидуалниот спорт Борис Секулов беше прогласен за најдобар млад спортист
Во вторник во емисијата ВИС СПОРТ во 20 30 репортажа од Изборот