Уписите се во тек и секое дете почнувајќи од прво одделение па натаму може да се пријави и да стане дел од тимот на ОК „Наковски волеј“. Оптимална возраст за почеток на одбојка е 7 години, клучен период кога децата започнуваат со училиште и треба да ги подобрат своите социјални вештини. Да се биде во тимски спорт им помага на младите да ги подобрат своите вештини за комуникација и организација.
Одбојката како еден од најпопуларните спортови денес, ОК „Наковски волеј“ ја доближува со тим на професионални тренери и инструктори.
Со досегашните постигнати резултати ОК „Наковски волеј“ е најдобра севкупна одбојкарска екипа во државата во сите категории а особено се истакнува во младите категории.
Истакнуваат дека ќе продолжат со градење таленти и запишување врвни резултати.
Пријавувањето се врши на: 078/ 698-972, 075/ 657-497, 077/ 503-524.