• Tue. Nov 26th, 2024

Одржана првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик

ByЃ. K.

Nov 7, 2023

Денеска се одржа првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик.

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на седницата и ја потврди поддршката во функционирањето на Локалниот совет и севкупно на женското претприемништво, неговото унапредување и придонес во економскиот развој на Струмица.

Целта на Локалниот совет за женско претприемништво е поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на добри практики, креирање програми и можности за финансиска, советодавна и менторска поддршка и промоција на пазарот.

Костадинов истакна дека верува во жените и го поддржува нивното економско зајакнување.

By Ѓ. K.