• Sat. Nov 23rd, 2024

Одложена одлуката за предлог мерките за невакцинираните

By

Nov 24, 2021

За предлозите што ги даде Комисијата за заразни болести ќе се расправа на наредната владина седница откако вчерашната беше одложена поради автобуската несреќа во Бугарија
Одлуката за предлог мерките за невакцинираните, за кои требаше да се расправа вчера, се одложува за наредната владина седница, поради вчерашната тешка сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 наши државјани.

Со предлог-мерките на Министерството за здравство и Комисијата за зарзни болести се предвидува сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа и сите институции за одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една доза вакцина против ковид-19 или да имаат негативен ПЦР тест кој важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан ковид во изминатите 45 дена а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист. Мерките треба да стапат во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

Во средба со министерот за здравство Венко Филипче, синдикатите на работници побараа два платени слободни дена по вакцинацијата, а за оние кои не сакаат да се вакцинираат ПЦР тестирањето да биде на трошок на работодавачот. Покрај тоа, побараа рокот кога ќе започнат да важат мерките да биде продолжен на 15 наместо на 10 дена.

извор:https://alsat.mk/mk/odlozhena-odlukata-za-predlog-merkite-za-nevaktsiniranite/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *