Градоначалникот Коста Јаневски, вчера во својот кабинет, ги прими одбојкарите и претставниците на Одбојкарскиот клуб „Струмица“ , по повод одбраната на двојната круна во македонската одбојка.
Тој на струмичките одбојкари и на членовите на стручниот штаб им ја честита шестата шампионска титула и петтото освојување на Купот на Македонија, изразувајќи задоволство за приматот што ОК „Струмица“ го има во македонскиот одбојкарски спорт. Притоа градоначалникот истакна дека Општина Струмица ќе продолжи со континуираната финансиска поддршка на струмичките спортски клубови.
Заблагодарувајќи му на градоначалникот Јаневски за приемот и честитките, одбојкарите и претставниците на ОК „Струмица“, ветија нови спортски успеси.