• Sun. Nov 24th, 2024

Одбојкарката Елена Пандева се врати од Италија, ќе биде ново засилување за Струмица

ByЃ. K.

Sep 12, 2023

27-годишната струмичанка Елена Пандева ќе биде ново засилување на екипата на Струмица. Таа се враќа дома и ќе биде одлично засилување на примачката позиција.

Пандева помина една сезона во Италија, во дресот на италијанскиот третолигаш Лабруна Феликс Монополи, а сега повторно се враќа во матичниот клуб.

Женскиот одбојкарски шампионат стартува во месец октомври.

By Ѓ. K.