• Sat. Nov 23rd, 2024

Одбележан светскиот ден на спортот за развој и мир – премиерот Заев се дружеше со младите спортисти

Премиерот Заев заедно со министерката Царовска и директорот Каевски во опуштена и пријателска атмосфера зедоа учество во повеќе слободни спортски игри и заедно со младите спортисти и ентузијасти кои го сакаат спортот се вклучија во играњето ракомет,  одбојка, фудбал и други интерактивни игри. Насмеаните лица на децата, на родителите, на спортистите и рекреативците покажаа дека спортско-рекреативните активности се многу важни за развојот на општеството и ги учат децата од мали нозе да го почитуваат пријателството, различните припадности и фер однесувањето и ги учи на универзалниот јазик на мирот и соработката

Затоа, ги промовираме и поддржуваме политиките со кои ќе се зголеми бројот на граѓани, од сите возрасти, социјални групи и средини, кои секојдневно го применуваат спортот и спортско-рекреативните активности. Приоритет ставаме на создавањето квалитетен систем на спорт во училиштата. Нашата цел е да го зголемиме процентот на граѓани кои спортуваат од сегашните два процента од населението на 20 проценти, кои ќе бидат опфатени во спортот за сите“, рече премиерот Заев, додавајќи дека преку моделот на училиштен спорт, се планира  зголемување на бројот на ученици кои спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и во средното образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *