• Fri. Nov 22nd, 2024

Од шумско стопанство ,,Беласица,, денеска ги отфрлаат гласините дека нема доволно огревно дрво за престојната грејна сезона.

Од шумско стопанство Беласица денеска ги отфрлаат гласините дека нема доволно огревно дрво за престојната грејна сезона.Раководителот Митров дециден, до 15ти октомври сите граѓани кои склучиле договор и платиле ќе им бидат испорачани сите дрва.Оние кои не ги подмириле парите за огревно дрво ќе чекаат по 15 следниот месец за испорака.Остануваат за испорака уште 1700 метри кубни.

Од 15 ти август до сега испорачани се вкупно 3500 илјади кубни метри огревно дрво а од подружницата во Струмица велат дека со интензитетот кој деновиве испорачуваат односно по 100 кубика дневно за 17 дена сите граѓани ќе ги добијат дрвата на самиот почеток на грејната сезона.

Гласините кои ги вознемирија струмичани беа дека шумското ст6опанство нема доволно огревно дрво за испорака па почнале да ги враќаат и парите.Митров изјави и дека немаат никакво законско право да враќаат пари , а задочнувањето со испорака биле технички причини , но уверува дека никому нема да му недостасува огрев до 15 ти октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *