Од утре наместо ученици во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“, продолжува вакцинацијата
Утре започнува новата учебна година, а учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ нема да можат да ја користат новата спортска сала, оти таа останува да се користи како вакцинален пункт.
Каква и да биде одлуката Црвениот крст останува на бедемот заедно со здравствените работници во процесот на вакцинација на населението. Волонтерите кои се одговорни за регистрација и прием на граѓаните во вакциналниот процес остануваат на своите места се до конечна одлука.
Функционирањето на вакционалниот пункт во спортската сала во кругот на улилиштето ја става во ризиок и безбедноста на учениците поради слободно движење во училишниот двор без контрола. Утре во 8 часот наутро заѕвонува првото ѕвонче во училиштето, а од 8 часот започнува и вакцинирањето во салата против Ковид 19.