Од идниот месец право на финансиски средства ќе имаат не само семејствата со деца кои и досега примале социјална помош, со социјалната реформа право на детски и образовен додаток ќе добиваат: тричлени семејства со месечни приходи до 11.400 денари ; четиричлени семејства со месечни приходи до 13.800 денари ; петчелени семејства со месечни приходи до 15.000 денари.
Во пакетот реформи кои ги донесе владата влегуваат и сите коишто досега примале социјална помош ,домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата , невработени родители коишто чувале деца со попреченост над 62 години за жена и 64 години за маж кои не примаат пензија , лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.
Со новиот Закон за социјална заштита е развиена услугата за одмена на семејна грижа. Со неа се обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.
Од минстерството за труд и социјална политика децидни: „ Со реформата воведуваме блиска работа на социјалните тимови со секој поединец и семејство се до конечно извлекување од социјален ризик, односно до нивно вработување.Со Законот за социјална заштита се унапредуваат правата и овозможуваме подобри услови за лицата со попреченост. Воведуваме две целосно услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега. Дополнително, правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува и изнесува до 50% од просечна нето плата. За дополнително да го олесниме животот на биoлошките семејства на лицата со попреченост, го зголемуваме износот на правото на посебен додаток за 15%. “