• Mon. Nov 25th, 2024

Од Струмица започна подигнувањето на свеста за менталното здравје кај адолесцентите

ByЃ. K.

Oct 13, 2023

Од Струмица денеска започна подигнувањето на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ.

Членови на Локалниот младински совет на Струмица и извидници заедно со министерката Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, пешачеа и разговараа за менталното здравје од Градскиот парк до Спомен костурницата.

Според последната студија на УНИЦЕФ од 2023 година за влијанието на КОВИД-19 врз менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства и старателите, во Северна Македонија секој трет адолесцент доживува симптоми на депресија, при што девојчињата се несразмерно погодени во однос на момчињата, речиси 6 пати повеќе.

Дури 42 отсто од адолесцентите доживеале умерени до тешки симптоми на анксиозност. За жал, повеќе од половина од оние кои идентификувале потреба од услуги за ментално здравје, не побарале таква помош.

Од овие резултати е излезена иницијативата „Walk and Talk“, чија цел е подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација.

By Ѓ. K.