Градоначалникот Костадинов денеска информираше дека од село Просениково започна уредувањето на јавните површини во селата за поурбан изглед и одмор и релаксација на граѓаните.
- „Да се сака Струмица значи да се работи не само за градот, туку и за населените места. Од срце за подобар живот за сите.“, истакна градоначалникот.
Уредувањето на јавни површини ќе продолжи и во останатите населени места.