Цената на светските пазари расте а токму тоа е причина да се зголемата и цените на нафтените деривати во земјава.
Во следните две недели возачите ќе полант резервоари со бензини и дизел кој поскапуваат за 2,5 до три денари, односно 1,5 денар.
Ова станува јасно од последната одлука на РКЕ донесена денеска со која после полноќ Еуросупер 95 ќе се точи за 71,5 денари за литар а Еуросупер 98 по цени од 73 денари за литар.
Дизелот кој ќе се продава во следните две недели за 1,5 денари повеќе од минатите 14 дена ќе чини 62,5 денари.
51 денар по литар ќе се продава Екстра лесното масло за домаќинство а мазутот бележи скок на цената и ќе чини 34,45 денари.