Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 16.10.2023 година.
Од 20.10.2023 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 (денара/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денара/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денар/литар) Мазут М-1 НС 46,499 (денари/килограм) Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,150 ден/кг и сега изнесува 46,499 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,726%, кај дизелот за 2,489%, кај екстра лесното масло за 2,445% и кај мазутот зголемувањето е за 3,109%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,086%