Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ветровито со засилен северен ветер, информира УХМР.
Локално сè уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и фрмежи. Локално се очекуваат поинтензивни процеси.
Извор: УХМР
извор:www.makfax.com.mk