• Sat. Nov 23rd, 2024

ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН ДЕБАРЧАНЕЦ, НАГЛО МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТА

ByВане Трајков

Mar 23, 2020

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, и тој е втората жртва на болеста.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Завчера во Куманово почина 57-годишна жена од коронавирус, која претходно имала два негативни теста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *