Од денеска почна да важи забраната за влез во Бугарија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство. Забраната е привремерна мерка како последица на влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот во Македонија.
Исклучок од забраната има само за македонските државјани кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома. Забраната важи и за граѓани на Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција, пренесе Радио Слободна Европа.