Од денеска веќе не важи владината мерка за замрзнати маржи на основните прехранбени производи. Производителите и трговците веќе не се ограничени при формирањето на својата маржа . Од денеска веќе нема административни ограничувања на цената на основните прехранбени продукти. Практично, од денеска државата им препушта на производителите и трговците сами да ги утврдуваат цените на производите од довчерашниот список, според пазарни услови.