За да им се овозможи на граѓаните на Дојран, како и на посетителите да се справат со растечката потреба од паркинг , Општина Дојран се потруди брзо и економски прифатливо за сите, да го реши проблемот, а истовремено и желба на сите граѓани, лесно да стигнат до слободно паркинг место.Почнувајќи од 28 април, пред претстојните првомајски и велигденски празници, почнува со работа системот за зонско паркирање во Стар Дојран, со кој ќе управува ЈПКД „Комуналец – Полин” и ќе биде поделен во две зони.
Целта е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и ефективно и ефикасно да се реши проблемот во делот на паркирањето на територија на Стар Дојран. Делувајќи на тој начин, истовремено се води грижа за животната средина и за добрата состојба на паркиралиштата со кои ќе стопанисува јавното претпријатие. Желбата е да се достигнат високи стандарди и регулирање на паркирањето како важна гранка за развој на туризмот во Дојран, како и натамошно проширување на паркинг просторите и подобрување на квалитетот на тие паркинзи
Паркингот во ЗОНА 1, (DA1) – односно централното градско подрачје, почнувајќи од вилата на Влада на Р. Македонија до новата автобуска станица ќе се наплаќа по 30 денари од час и дополнителни 15 денари за секој нареден изминат час.Паркингот во ЗОНА 2, (DB1) – односно паркинг просторот на влезот во Стар Дојран, по 10 денари од час и дополнителни 10 денари за секој нареден изминат час. Наплаќањето ќе се врши по пат на СМС порака на бројот 144144 од 7 до 21 часот. Преостанатото време паркинзите може да се користат без надоместок.