• Sun. Nov 24th, 2024

Од денес нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години

Нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години

На Домот за стари лица „Отворено срце” – Струмица денеска ќе му биде доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега во домот.

Како што информира ресорното министерство, на настанот ќе биде означен почетокот на давањето на оваа нова социјална услуга на територијата на општина Струмица. Услугата им е наменета на старите лица со навршени 65 години кои не се во можност самите да се грижат за себе.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно окружување преку помош во извршувањето на активностите од секојдневниот живот.

Како што е најавено ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов и Стефанија Манасиевска, директорка на Домот за стари лица „Отворено срце”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *