Две и пол недели по договорот меѓу Европската унија и владата во Анкара, првите мигранти од Грција се вратени во Турција. Првите два брода со бегалци пристигнаа во пристаништето на западнотурскиот крајбрежен град Дикили.
Инаку, операцијата започна в зори кога стотици илегални мигранти со автобуси беа пренесени од бегалските кампови до пристаништата во Лезбос и во Хиос, од каде исто така отпатува брод со група мигранти кон Турција. Како што јавија грчките медиуми, во пристаништето во Лезбос беа вкотвени два турски брода, а во Хиос еден, со кои подоцна започна транспортот на мигрантите до турското крајбрежје. Мигрантите и бегалците до бродовите беа придружувани од полицајци на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс).
Како и во договорот.Првите сириски бегалци пристигнаа денеска во Германија со авион од Истанбул, во согласност со договорот што Европската унија го постигна со Анкара со цел спречување на неконтролираниот прилив на мигранти и бегалци во Европа. Шестнаесет сириски азиланти слетаа денеска во северниот германски град Хановер, по што ќе бидат превезени во бегалски центар оддалечен околу 140 километри.Втора група Сиријци во Хановер ќе доцна попладне .Во согласност со договорот меѓу Брисел и Анкара денеска во Турција исто така пристигна првиот траект со мигранти, кои Грција ги врати во Турција.
Во Грција има околу 30.000 бегалци.
Бегалците од кампот Сехово (Идомени) веќе неколку дена го блокираат автопатот од Солун до македонска граница кај бензинската пумпа кај Поликастро. Патничките возила се пропуштаат, но не и камионите. Во прекин е и железничкиот сообраќај. Бегалците и мигрантите сакаат да го продолжат патот кон Германија.