Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари, односно 64 денари за литар.
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар и ќе изнесуваат 54,5, односно 43,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 денари на 28,895 денари за килограм.