Од вечер почнува полицискиот час
Од денеска на сила стапува полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и ќе трае до 22 март. Одлуката на Владата се должи на порастот на бројката на новозаболени но и хоспитализирани поради ширењето на т.н. „британски сој“ на ковид-19.
Премиерот Зоран Заев апелира до граѓаните за максимално почитување на одлуките и најави засилени полициски и инспекциски контроли бидејќи, според него, граѓаните не ги почитуваат мерките како носење заштитна маска и негрупирање. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.