• Fri. Nov 22nd, 2024

Од 1. јули ќе почне издавање на пасоши со новото уставно име

Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓу другото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кој помина денеска во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.

Како што образложи повереникот од Министерството за внатрешни работи Весна Доревска, со измените и дополнувањата на Законот се врши усогласување со одредби од Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. За патните исправи како личен документ на граѓаните,се врши усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е утврден во Законот за употреба на јазиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *