Овоштарите да ги заштитат растенијата и кога се расцветани, советуваат агрономите. Игор Ивановски, магистар по земјоделски науки препорачува овошките во овој случај да се прскаат со фунгициди, односно препарати кои ќе спречат појава на болести и штетници. Во фаза на цветање не треба да се користат инсектициди, вели Ивановски.
Во лозарството пак, потребно е интервенција уште со појавата на првите листови, вели Ивановски.
За да не претпрат големи штети и загуби, земјоделците треба да вложуваат и бараат совети од стручни лица. На тој начин правилно ќе ги заштитат растенијата и ќе добијат квалитетен род за продажба, вели Ивановски.