„Младите секогаш ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, особено кога сакаат да започнат сопствен бизнис“, истакна градоначалникот Костадинов.
Повторно е обезбедена финансиска поддршка, а градоначалникот охрабрува младите да се пријават на Јавниот повик за поддршка на Старт-ап бизниси за млади 2023/2024 – трета фаза.
Целта е да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси и да се здобијат со можноста за користење на општинска финансиска поддршка и воедно оспособат за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Северна Македонија преку Агенцијата за вработување, подрачна единица во Струмица.
Јавниот повик е отворен 30 дена и објавен на општинската веб страница со комплетни информации.
⬇️⬇️⬇️
https://strumica.gov.mk/јавен-повик-за-пријавување-и-вклучува-2/