Објавен е Јавниот повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица за распределба на средства од Буџетот на општина Струмица за 2024 година.
Право на конкурирање имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои имаат решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт, а кои се формирани и делуваат на територијата на општина Струмица.
Пријавувањето трае 8 дена од објавувањето на Јавниот повик, а дополнителни информации и пријавата може да се најдат на општинската веб страница www.strumica.gov.mk.