Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори од оние кои се пожалиле дека на своите сметки не ја добиле сумата од 6.000 денари како дел од буџетската помош за ранливи категории на граѓани поради ковид-кризата.
-Сите ќе добијат одговор на е-маил адресата од која аплицирале, а се ажурираат и списоците на веб страницата „купувамдомашно“, велат од Владата.- Advertisements –
Со цел до крајот на годината парите да ги добијат сите на кои им следуваат, од Владата упатија повик до банките за толеранција кон граѓаните.
„За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отвориле подсметки на граѓаните за да се исплати помошта“, посочија од Илинденска.