ЈЗУ Здравствен дом Радовиш ги известува граѓаните на општините Радовиш и Конче дека обезбеди двајца доктори специјалисти по Радиологија.
Во известувањето стои дека од 15.12.2023 година, секој пациент ќе може кај својот матичен лекар да си закаже термин за преглед во: КАБИНЕТ ЗА ДОЈКА и во КАБИНЕТ ЗА МАМОГРАФИЈА.