• Fri. Nov 22nd, 2024

Омбутсманот: Просториите за задржување во Полициската станица во Валандово се нехумани и понижувачки

Заменик правобранителот, Васка Бајрамовска-Мустафа, на денешната конференција за печат, изјави дека во Полициската станица во Валандово затекнале простории за задржување во исклучително лоша состојба, па задржувањето во истите, само по себе претставува понижувачки и нехуман третман врз задржаните лица.

Во Годишниот извештај на Народниот правобранител, покрај затворите, биле опхатени и полициските станици, па така покрај валандовската многу лоша состојба е затекната и во Кичево, Св. Николе, Македонски Брод и Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *