80 тони јагнешко месо од Македонија се најде на бугарскиот пазар пред претстојните празници. Но, од националната асоцијација на овчарство и козарство на Бугарија предупредуваат дека местото може да е опасно, пренесуваат бугарските медиуми.
Македонското јагнешко се продава за 20% поевтино , но може да е опасно.Не е јасно означено и не е проверено од бугарските санитарни власти“ вели Симеон Караколев, претседател на Националната асоцијација на овчарство и козарство.
Месото доаѓа од Кавадарци, од таму се извезува од Грција, а од Грција вллегува во Бугарија во три склада, велат од Националната асоцијација. Досега во Бугарија биле увезени 80 тони, а следните неколку дена кога ќе биде пикот на консумација и ќе достигне до 150 тони, прогнозираат од асоцијацијата и затоа според нив бугарските надлежни институции треба да забрзаат со проверките.