• Sun. Nov 24th, 2024

Обвинетите од „Монструм“ бараат повторно судење

sudenje_monstrum-603x400Лажен заштитен сведок, погрешни факти, подметнати докази се аргументите на одбраната на шестмината осудени за масакрот кај Смилковско езеро.

Судот има став и многу добро го составил мозаикот на приказната, беше одговорот на виштото обвинителство. Спротивставените ставови за или против укинување на доживотниот затвор за осудените седум часа денес се дебатираше во скопска апелација.

Први од одбраната побара веднаш да биде укината пресудата и повторно да се суди. Изнесоа сомневања дека заштитениот сведок лажел, читал од напишан готов текст и на неодговорени прашања барал пауза за консултации. Одбраната побара и другите докази да бидат преиспитани.

Оваа седница се чекаше долго време и се очекуваше во јавноста да се појават нови докази кои ќе откријат сосема нова слика за случајот монстру. Опозицијата ннајави и дека дел од бомбите што ќе ги пушти ќе бидат за овој случај и снимени разговори на високи функционери поврзани со настанот. Роднините на убиените момчиња апелираа што побрзо да бидат објавени бомбите , но заев се окажа затоа што дел од нив има др=авни тајни. Бидеји роднините на децата ниту од судот ниту од државата добија одговор за мотивот на убиството решија повеќе да не се појавуваат во судница и не дојдоа на денешната јана седница. Во судницата беа околу 30 тина роднини на осудените.

-Ние не сме виновни. Ова го монтираше државата . Судот беше само партиски театар, рече фејзи Аризи кој областа околу смилковско езеро ја имаше под концесија. Обвини дека со овој случај целта било да му се одземе сопственоста.

Судот законски нема рок за одлучување но писмената одлука адвокатите ја чекуваат за најмногу два месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *