• Fri. Nov 22nd, 2024

О.Василево-Повик за прибирање понуди за градежни

Проект за Подобрување на Општински Услугите – МСИП

MSIP-IPA-NCB-010-16

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 jануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 jануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Асфалтирање на улица со атмосферска канализација од центар на с.Василево до индустриска зона Василево и изградба на улица во с.Владевци.
3. Општина Василево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Асфалтирање на улица со атмосферска канализација од центар на с.Василево до индустриска зона Василево и изградба на улица во с.Владевци.

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30 часот
Општина Василево
Адреса: Село Василево бб.
Поштенски фах: 2411
Тел:/факс 034 353 007
Електронска пошта: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk
Република Македонија

6. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмено апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:
a) За плаќање во денари:
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 702014000263012
Приходно конто: 724125 00

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Василево.

7.Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 04.04.2016 12:00 часот. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу на 04.04.2016 во 12:00 часот.

8. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 300,000.00 МКД

9. Адреса:
Општина Василево
Адреса: с.Василево бб
Поштенски фах: 2411
Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *