• Tue. Nov 26th, 2024

Ноќеска, во два часот по полноќ, Македонка Јанкулова од Струмица, на свет донесе здраво машко дете тешко 3.850 грама

Поради пандемијата од Ковид – 19 и почитувањето на здравствените протоколи и мерките за заштита, градоначалникот Коста Јаневски на својот фејзбук профил објави дека нема лично да им честита , но им посака се најубаво во Новата година, а традиционалниот подарок од Општина Струмица, меѓу кој и штедна книшка со 20 илјади денари, е веќе испратен и предаден на мајката. Посака, да имаат многу здравје, среќа, спокоен и долг живот.

Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со финансиската поддршка за секое бебе родено во струмичката болница од мајка со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *