• Fri. Nov 22nd, 2024

Новус организира тркалезна маса за транспарентност и отчетност на институциите од југоистокот

ByВане Трајков

Sep 13, 2017

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица утре во 18 часот во Домот на АРМ организира тркалезна маса на тема „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспарентност и отчетност на институциите од Југоисточниот плански регион“.

Целта на оваа тркалезна маса е да се слушнат различни ставови и искуства, да се актуелизира прашањето за прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР со цел зголемување на информираноста на граѓаните.

Покрај ова, цел е и да се поттикне здружено делување на НВО организациите и медиумите од Југоисточниот регион во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на властите и активно да влијаат врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации.

Тркалезната маса се организира со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *