• Sat. Nov 23rd, 2024

Новото име на државата на 100 и 2.000 денари

isplata

Новото име на државата на 100 и 2.000 денари.

Советот на Народната банка донел одлука за издавање на банкноти од 100 и од 2.000 денри со изменети белези, односно со додавање на Северна во името на Народна банка кое стои на банкнотата. Овие две одлуки вчера беа објавени во Службен весник.

Сепак, според информациите, одлуките за издавање на банкнотите со новото име на државата, не значи и дека тие во брзо време ќе бидат пуштени во промет. Или поконкретно, тие сигурно нема да дојдат во рацете на граѓаните пред јули идната година, а можеби и подоцна.

А како што е познато, уште лани беа донесени одлуки за издавање на банкноти од 500 и 10 денари со новото име на државата. Првичните најави беа дека токму во минатата 2020 година тие банкноти треба постепено да почнат да се пуштаат во промет, но тоа не се случи. Имено, за нив се уште не се донесени одлуки за пуштање во промет. Кога тоа ќе се направи – се објаснува дека ќе биде тогаш кога за тоа ќе има потреба.

„Во претстојниот период ќе почнат активности што се однесуваат на нивното печатење (јавна набавка итн.), а имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари, севкупниот процес би бил подолготраен, односно не се очекува да заврши пред втората половина на следната, 2022 година. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *