• Fri. Nov 22nd, 2024

Ново возило за потребите на штитениците од Завод за заштита и рехабилитација Банско

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Ајден Ајтекин, координатор на „ТИКА“ беа во посета на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Банско“ за да го одбележат почетокот на заедничкиот проект за донирање на возило, кое што на штитениците во нашиот Центар ќе им овозможи многу полесно движење, а со тоа ќе ја подобри и нивната социјализација.
На иницијатива на министерот за здравство почнавме една искрена и успешна соработка на Заводот со „ТИКА“, која ќе ја крунисаме со добивање на специјализирано и модерно возило приспособено на потребите на нашите штитеници кои користат инвалидски колички и ќе имаат лесен пристап до него.
Се надеваме дека наскоро донацијата ќе биде дел од нашата Јавна установа за што искажуваме голема благодарност за овој голем и хуман гест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *