Во процес на завршување е Националната стратегија за превенција и унапредување на менталното здравје, изработена од Министерството за здравје, стратегија која деновиве влегува во владина процедура. Основна цел на оваа Национална стратегија 2018-2025 е превенција и унапредување на условите за лекување на ментално и душевно растројство на сите пациенти без разлика на нивниот пол, вера и национална припадност.
За имплементирање и реализација на оваа стратегија веќе се предвидени човечките ресурси како и отворање на нови центри за ментално здравје, за кои веќе се обезбедени стабилни финансиски средства за нивно финансирање, а се со цел да се создадат достоинствени услови за третман на овие пациенти.
Министерството за здравство даде согласност на Психијатриската болница „Негорци„, за вработување на тројца специјалисти психијатри и два доктора по општа медицина кои веднаш ќе бидат упатени на специјализација, истакна на крајот државниот секретар Владимир Милошев.
ЈЗУ Психијатриска болница “Негорци” – Гевгелија е специјализирана болница и го обезбедува третманот со специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на сите заболувања кои по МКБ – 10 се сместени во групата на душевни растројства.