Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство.
Па така, литар еуросупер БС-95 ќе чини 88 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 83 денари, а килограм мазут од ноќеска на полноќ ќе се продава за 47,304 денари.