Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.