Три нови имиња донесе стручниот штаб на Академија Пандев пред стартот на новиот фудбалски шампионат. Пред три дена го ангажираше 21 годишниот Стефан Костов централен дефанзивец кој има настапувано во Брегалница Штип и Ренова и син на фудбалскиот работник и тренер Влатко Костов.
По Костов , Академијата донесе уште еден чувар на мрежата. Станува збор за Душан Чубраковиќ кој доаѓа од екипата на Слобода Ужице од Србија. Чубраковиќ треба да биде идеална замена за Вујанац кој премина во струмичките сино бели. 23 годишниот српски голман а има настапувано за екипите на Чукарички и Слобода Ужице.
Вчера пак пандевци го доведоа младиот и надежен фудбалер Јорго Папули 16-годишниот Папули има настапувано за тимот на Металург, а одреден период настапуваше и за тимот на Стеауа Романија од каде и доаѓа во Академијата .
До крајот на преодниот рок сениорскиот тим ќе биде засилен со уште неколку играчи кои наскоро и официјално ќе бидат презентирани.
Шампионатот започнува во недела и со почеток во 17 часот на стадионот во Турново , Академијата Пандев игра со Макеоднија ГП