• Fri. Nov 22nd, 2024

Нов мурал на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот во Дебар Маало

ByЃ. K.

Nov 28, 2023

Нов мурал на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на ул. Орце Николов во Дебар Маало, близу Наџак. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и е своевидно потсетување на музичкиот опус на македонскиот диригент, текстописец, композитор и основач на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

По повод одбележување на неговото вечно заминување, на 25 јануари наредната година Општина Центар ќе организира настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот „Златно славејче“.

Извор: Македонска поезија

By Ѓ. K.