• Sat. Nov 23rd, 2024

Ниска откупна цена на вишните во струмичко Ангелци. 18 денари по килограм добиваат производителите

Во полн ек е бербата на вишни во струмичкиот регион. Квалитетот е добар, но производителите велат дека годинава немаат никаков ќар. 18 денари по килограм е цената што им се нуди на одгледувачите на вишни, а како што велат 15 денари им се потребни само за производство на истата количина, а 5 денари одат за берачите.

Митрев вели дека годинава има најмалку 30 тони сопствено производство на вишни во овоштарник од 2 хектари. Доколку наредната година цената се намали или остане иста, ќе биде приморан да ги откорне сите насади.

Истото мислење го делат и организаторите на група. Велат дека 5 денари по килограм е неисплатлива цена за берачите.

Во Ангелци голем број семејства егзистираат од оваа овошје. Изминативе години цената на вишните во овој крај достигнувала и до 40 денари за килограм.